Најголемата кинеска ѕвезда, актерката Џанг Зи е обвинета дека за милионски суми спиела со богаташи. Најпозната по улогите во филмовите „Crouching Tiger, Hidden Dragon“ и „Memoirs of a Geisha“, Џанг ги негираше сите обвинувања и побарала јавно извинување од весникот кој прв објавил дека во периодот од 2007. до 2011. година барем десет пати пружила сексуални услуги на контроферзниот политичар Бо Силај.
Како што пренесуваат странските медиуми, Бо Силај, чиј прекар е „Црвениот принц“, наводно потрошил милиони за да биде со актерката.
Најубавата жена на светот за 2001. според „Pipl“, наводно добивала по 1.25 милиони евра за средба со него.
Според кинеските медиуми, Бо и Џанг се запознале преку 41-годишниот милионер Су Минг кого владата го осомничи за корупција. Тој и самиот бил клиент на познатата актерка и за секс со неа потрошил 22.5 милиони евра.
Скандалот се заканува да и ја уништи кариерата, откако се откри дека е сурова, безмислосна. Џанг беше осомничена и за проневера на парите наменети за настраданите во земјотресот во Сечуан. Поради тоа, ја загуби улогата во филмот Снежниот цвет и тајната лепеза, со Хју Џекман.