Џуди Денч вели дека сѐ уште го чувствува духот на покојниот сопруг

Од:

Познатата британска глумица Џуди Денч за „Мирор“ вели оти никогаш нема да ја надмине смртта на нејзиниот покоен сопруг Мајкл Вилијамс и дека тој, понекогаш, како сѐ уште да ја посетува дома.

– Се случуваат неочекувани работи. Понекогаш вратата сама се отвора и мислам дека тој е внатре, тука, продолжи таа зборувајќи за својата тага.

Џуди и Мајкл 1995 година се вселија во замок од 17 век со замок и имот од шест хектари во Сари. Таму сега има и дрво посветено нему. Тие беа брак од 1971 година. Двојката глумеше заедно во хумористичната серија од 1980 година – „Една убава романса“ (A Fine Romance), како и во неколку сценски продукции, кога и двајцата работеа во британскиот „Кралски театар на Шекспир“. Двајцата се појавуваат и во филмот на Франко Зефирели од 1999 година – „Чај со Мусолини“.

Зборувајќи за нејзиниот сопруг, Џуди смета дека Мајкл бил „најбескорисниот човек“ на светот. – Ох, Боже, како ме тераше да се смеам. Си поминавуваме прекрасно. Имам среќа што го познавав.

Мајкл почина три недели пред нивната 30-годишнина од бракот во 2001 година, по долга борба со рак на белите дробови.

Непосредно пред смртта на Мајкл, единственото дете на парот, ќерката Финти Вилијамс – исто така глумица, со нејзиниот 23-годишен син Сем, се вселиле во домот, со повеќе нивни миленичиња.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска