Британскиот актер Џуд Ло тврди дека не бил изненаден од пандемијата на коронавирусот, иако Ковид-19 го шокираше светот кога се појави во Кина на крајот на минатата година, а потоа се рашири низ целиот свет и однесе многу животи.
Имено, актерот во 2011 година имаше улога во филмот „Зараза“, за кој многумина сметаат дека го најавил вирусот корона, а во интервју за GQ, Џуд Ло рече дека е на сценариото кое се одвива во моментов во светот веќе бил однапред подготвен.
– Дефинитивно имав чувство дека ќе се случи вакво нешто. За време на снимањето на филмот, бројни научници и експерти работеа со нас, објаснувајќи ни дека сценариото што го игравме за филмското платно истовремено е и сценарио што би го доживеале во реалниот живот за неколку години, кажа 47-годишниот актер и откри дека уште на крајот на минатата година тој знаел што ни претстои.
– Кога започна 2020 година, а медиумите зборуваа за тоа како се шири некаков вирус во Кина во последните месеци, за жал, не бев изненаден. Знаев дека дојде она што ми го кажаа пред девет години, изјави актерот.
Инаку, кога штотуку беше објавен во киносалите, филмот „Зараза“ заработи 136,5 милиони долари, а неговата популарност нагло се зголеми оваа година, за жал, токму поради неговата неверојатна сличност со моменталната епидемиолошка состојба во светот.