Џорџ Клуни од март не излегол од дома

Од:

Американскиот актер Џорџ Клуни не го напуштил својот дом од март, бидејќи стравува дека неговиот син кој има астма може да се зарази со коронавирусот.

Клуни рече дека тој и неговата сопруга Амал имале среќа што имаат голема куќа надвор од град.

Двојката ги има тригодишните близнаци Александар и Ела. Момчето има астма и може да има компликации ако се зарази со Ковид-19.

– Оваа година беше тешка за сите. Почна лошо и продолжи така до неодамна, изјави актерот во интервју за „Гардијан“.

Сопругата на Клуни, Амал, е адвокат со специјалност заштита на човекови права.

Двојката се венча во Венеција во 2014 година, а близнаците ги добија во 2017.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска