Џим Кери повторно предизвикува контроверзии

Од:

Џим Кери уште еднаш предизвика контроврзии со карикатура, којашто овојпат ја прикажува гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, како абортиран фетус.

Популарниот комичар просто реагираше на тоа што Ајви го потпиша Законот со кој нејзината американска сојузна држава го забрани абортусот, освен во вонредни медицински случаи.

На својот Твитер профил, Кери објави карикатура на која Ајви е прикажана како фетус кој е сè уште врзан за папочната врвца, со придружен коментар – „Мислам дека ако сакате да ја прекинете бременоста, тоа треба да го направите пред фетусот да стане гувернер на Алабама“.

„Ова треба да биде крај за твоите Твитер активности. Точка!“, „Да го објавеше некој друг ова, одамна би бил деактивиран”, „Ова е неверојатно злобна илустрација” – се некои од коментарите.

Инаку, Џим Кери неодамна се најде на удар и на внуката на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, која го нападна поради карикатура од него обесен.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска