Познатата пејачка и актерка, Џенифер Лопез, по филмот „Hustlers“ започна да работи на нов проект под името „Marry Me“, каде исто така ја толкува главната улога.
Имено папараците ја „фатија“ Џеј Ло на Менхетен како снима една од сцените, а она што привлече најмногу внимание е екстравагантната венчаница која ја носеше.
Креацијата има многу детали, а Џенифер повторно беше прекрасна како невеста.
Филмот „Marry Me“ е романтична комедија на режисерката Кет Коиро, а Џенифер Лопез го глуми ликот на поп ѕвезда која нејзиниот вереник, исто така поп ѕвезда во филмот, ја остава ден пред венчавката.
Покрај Лопез, во филмското остварување играат Овен Вилсон, музичката ѕвезда Малума, ѕвездата од Game of Thrones, Џон Бредли.