Глумецот Џејсон Присли во последното интервју во австралиската емисија „Студио 10“ говореше за здравствената состојба на Шенен Доерти и нејзината борба со ракот.
Во февруари, неговата колешка од серијата „Беверли Хилс“ објави дека ракот на дојките ѝ се вратил и сега се соочува со четврта фаза на канцер. Присли вели дека ѝ се јавува секои 2-3 месеца, за да ја чуе како е…
– Шенен е силна девојка, отсекогаш била борец. Знам дека таа ќе продолжи да се бори онака како што умее. Последниот пат кога се слушнавме, таа беше во доста добро расположение, вели глумецот.