Глумецот Џеф Бриџис на својата интернет-страница откри дека бил заразен со коронавирусот во јануари и бил в болница со недели, додека во истовреме бил и на хемотерапија за ракот. И Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон биле позитивни на коронавирус.
Таа „била в болница пет дена, а тој – пет недели“, како што пишува Бриџис.
– „Причината поради којашто бев таму толку долго е тоа што мојот имунолошки систем беше истрошен од хемотерапијата. Мојот ’танц‘ (со Ковид-19) направи мојот рак да изгледа како шега“, додава тој.
Глумецот објави и дека неговиот рак е во фаза на ремисија. Нему му беше откриен лимфом минатиот октомври.