Џаред Лето избран за улогата на Џокер

Од:

Џаред Лето, кого до неодмана тешко кој можеш да го поврзе со ликот на Џокер, ќе ја добие улогата на најлудиот негативец од стриповите на сите времиња, во новиот филм „Suicide Squad“.

Покрај Лето, во филмот ќе се играат и Вил Смит, Марго Роби, Кару Делевилењ, Том Харди и Џај Кортни.

Лето пред повеќе од две децении ги кршеше срцата на тинејџерките како Џордан Каталано во серијата „Мојот таканаречен живот“, за потоа своите актерски квалитети да ги покаже во филмовите „Реквием за соништата“ и „Деловен клуб Далас“.

Лето ќе има тешка задача да се појави во улогата на најголемиот непријател на Бетмен, која претходно спектакуларно ја одиграа Џек Николсон и покојниот Хит Леџер.

Премиерата на „Suicide Squad“ е предвидена за 5 август 2016 година. Во филмот се говори за група злосторници, на кои им се дава можност да се „покајат“ за своите злодела пред властите, во мисија која нејверојатно би значела смрт за нив.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска