Двојно помлади девојки би им позавиделе на изгледот: Тие се најсексапилните жени во шестата деценија

Од:

Иако жените се плашат од стареењето, борите на лицето, вишокот килограми, не така затегната кожа и опуштени мускули… некои познати жени се како виното, колку се постари толку се подобри, па и во шестата деценија изгледаат како вистински „бомби“.

Џенифер Лопез – 50, Џенифер Анистон – 50, Елизабет Харли – 54, Синди Крафорд – 53, Гвен Стефани – 50, се познати жени во зрели години, а на изгледот можат да им позавидат и двојно помлади девојки.

Џенифер Лопез

Иако многумина на основа на нејзиниот физички изглед не би помислиле дека има повеќе од 30 години, Џеј Ло во јули официјално влезе во шестата деценија.

Пејачката редовно вежба во теретана и има тело кое многумина само би го сонувале. Секој мускул е на свое место, нема вишок килограми и има „брутални“ стомачни!

Џенифер важи за една од најубавите и најзгодните жени на светот, а годините очигледно не и можат ништо.

Џенифер Анистон

Актерката само што наполни 50 години, а љубителите на култната серија „Пријатели“, каде имаше една од главните улоги, велат дека и по 25 години не е променета воопшто.

Џенифер е една од ретките светски ѕвезди која е потполно природна, а многумина мажи токму поради тоа „одлепија“ за оваа русокоса која изгледа како да има двојно помалку години.

Актерката неодамна отвори профил на Инстаграм, а со своите објави прави вистински „хаос“ на социјалните мрежи. Имено, нејзината фотка во мини фустанче во прошетка со миленикот има повеќе од шест милиони лајкови и еден куп комплименти кои се упатени на сметка на нејзиниот изглед.

Елизабет Харли

Британската актерка често ги „чести“ своите фанови на социјалните мрежи со секси фотографии во бикини, а поради нејзиниот изглед, многумина и не знаат колку точно години има таа.

Лиз во јуни 2019-та година наполни 54, а изгледа како времето за неа да застанало кога имала 30.

Актерката има заносни облини, па многумина мислат дека таа е најсекси ѕвезда во зрели години.

Своевремено истакна дека тајната на нејзиниот изглед е едноставна: јаде многу свежо овошје и зеленчук, вечера протеини и многу вежба.

Синди Крафорд

Славната манекенка веќе со децении наназад важи за една од најубавите жени на светот, а ни многу помлади девојки од светот на модата не можат да го „раздрмаат“ тронот на Синди.

Синди има 53 години, а по изгледот може да и парира на својата ќерка 18-годишната Каја Гербер, која полека но сигурно, ја гради својата модна кариера, па тие две повеќе изгледаат како постара и помлада сестра, отколку како мајка и ќерка.

Поранешниот топ модел има своја утринска рутина благодарејќи на која изгледа помлада. Синди по миењето, нанесува серум кој и помага на нејзината кожа да се снабди со колаген. Потоа следува масажа на подочнаците како за да не отекуваат и да не бидат модри. Потоа нанесува лосион со заштитен фактор и тоа е одлична основа за почеток на денот.

Гвен Стефани

Пејачката и некогашна членка на популарниот бенд „No Doubt“ на почетокот на октомври наполни 50 години, а првата асоцијација на сите за Гвен е нејзиниот секси изглед, харизмата како и нејзината младешка енергија.

Гвен долго време важи за една од најубавите пејачки на светот, а неодамна се појави во една емисија кога многумина забележаа промена на нејзиното лице.

Пејачката на своето лице имала очигледни корекции, па се најде на мета на критики и коментари дека пред интервенцијата била поубава отколку по ботоксот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска