Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Од:

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Германија со две панди, кои ќе бидат сместени во зоолошката градина во Берлин, јави ДПА.

Минг Минг и Џијао Квинг биле растени во одгледувачницата за панди во Чинду. Пандите отпатуваа од југозападниот кинески град со авион во посебни ќелии. За време на 15-часовниот лет тие беа придружувани од ветеринар и уште други две лица.

Минг Минг и Џијао Квинг ќе бидат единствените панди во Германија.

Последната беше Бао Бао. Миленичето во берлинската зоолошка почина на 32-годишна возраст во 2012 година. Оваа панда беше подарена своевремено од Кина на канцеларот на Западна Германија Хелмут Шмит.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on