Два месеца затвор за актерката Лори Лафлин за поткуп

Од:

Актерката Лори Лофлин е осудена на два месеци затвор за учество во скандалот со запишување на својата ќерка на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лафлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џианули се обидоа да ја избегнат тужба за поткуп, но обвинителството, а потоа и судот во Калифорнија, не беа подготвени да ги отфрлат обвиненијата.

Холивудската актерка е осудена на два месеци затвор, а нејзиниот сопруг на пет месеци, а потоа и на две години надгледување, за кое време Лафлин ќе мора да одработи 100 часа општествено корисна работа и да плати казна од 150.000 американски долари.

Нејзиниот сопруг, Мосимо Џианули, пак, ќе мора да одработи 250 часа корисна работа во заедницата и да плати казна од 250.000 американски долари по издржување затворска казна од пет месеци.

Брачната двојка е должна да се пријави во затворските власти на 19 ноември до 14 часот за издржување на казната.

Судот ги осуди за тоа што се согласиле да го поткупат Вилијам Рик Сингер со половина милион долари, кој обезбедил нивната ќерка да ги фалсификувала и препише точните одговори на тестот за упис факултетот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска