Американската кантри-пејачка Доли Партон двапати го одбила државниот Претседателски медал понуден од Администрацијата на Доналд Трамп.
– Првиот пат не можев да го примам затоа што мојот сопруг беше болен, а потоа повторно ме прашаа за тоа и, тогаш не сакав да патувам поради „Ковидот“, објасни таа, додавајќи дека оттогаш се имала разговор и со претседателот Џо Бајден за наградата. – Сега пак, се чувствувам дека – ако ја земам, како да ќе се вмешам во политиката, па не сум баш сигурна, објаснува таа.
Потоа дава дека не ѝ се битни наградите и не го прави тоа за слава. Во 2016 година, нејзината Фондација „Доливуд“ даруваше 1.000 долари месечно на неколку стотици семејства во Источен Тенеси кои ги загубија своите домови во пожарите. Таа е позната по својата добротворна работа, па донираше парични средства и за погодени од корона-кризата.