Доктор Дре доби судска битка против доскорешната сопруга

Од:

Американскиот рапер Доктор Дре ја доби судската битка против поранешната сопруга, во која таа бараше 1,5 милиони долари за лична заштита и телохранители.

Судот го одби и барањето на Никол Јанг да добие пет милиони долари за адвокатски трошоци. Адвокатите буквално до вчера настојуваа нивната клиентка да ги добие тие 1,5 милиони долари поради смртните закани што таа, наводно, ги добивала од нејзиниот сопруг.

Одбивајќи го барањето за лична заштита, судијата изјави дека имал многу поочигледни случаи на семејно насилство и ѝ препорача да побара налог за физичко растојание, односно, Доктор Дре да не ѝ се доближува.

Според раперот, овие барања се израз на „личност заслепена од омраза, поттикната и водена од алчни адвокати“. Тој рече и дека правниците веќе добиле пет милиони долари.

Рап-ѕвездата Андре Јанг (55) и Никол ја отпочнаа постапката за развод во јуни годинава. Беа во брак 24 години. Заедно имаат две деца: синот Трус и ќерката Трули. Доктор Дре има и четири други деца од претходните врски. Неговиот син Андре Јанг Помладиот загина 2008 година во сообраќајна несреќа, на само 20 години.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска