Вечерва заврши 65 – тиот филмски фестивал во Кан со доделување на наградата за најдобра режија на Мексиканецот Карлос Рејгадас за семејната драма „По мракот светлина“ (Post Tenebras Lux).
За најдобра машка улога беше награден Данецот Мадс Микелсен за улогата во психолошкиот трилер „Потера“ (The Hunt).
Наградата за женска улога ја делат две романски актерки кои глумеа најдобри пријателки во филмот „Зад брдото“ (Beyond the hills) на Кристијан Мунгиуа – Космина Стратан и Кристина Флутур.
Сценариото на овој филм беше прогласено за најдобро.
Михаел Ханеке ја доби „Златната палма“ по втор пат за филмот за љубовта и смртта „Љубов“ (Amour).
„Гран при“ на жирито замина во рацете на Италијанецот Матео Гароне за трагикомедијата „Стварност“ (Reality).