Додека целиот свет зборува за наводното помирување на Џенифер Анистон и Бред Пит, актерката е сликана во друштво на режисерот Вил Спек, со кого ги минала празиците во Мексико.
Папараците ја „фатија“ актерката во Мексико, на плажа, облечена во минијатурно бикини, а со неа беше Вил.
Актерката и режисерот забележале дека ги снимаат камери, а на нивните лица можело јасно да се види дека не се задоволни што имаат „друштво“.
Џенифер и Вил се зближиле во 2016-та година кога заедно работеле на снимањето на комедијата „Office Christmas Party“, додека блиските на убавата актерка тврдат дека тој можел да и биде повеќе од пријател.
– Џенифер и Вил имаат многу посебна врска и тој е дефинитивно кандидат да и стане повеќе од пријател. Тој е духовит, сочувствителен, нежен, авантурист и амбициозен. Сите тие се особини што Џенифер ги бара кај мажите, изјавил тогаш, анонимен извор за странските медиуми.
Иако има гласини за помирување меѓу Џенифер и Бред, актерката ги помина празниците со режисерот.