Џорџ Мајкл: Сексот е начин на живот

Од:

Џорџ Мајкл живее како што сака, спие со кого ќе му се укаже шанса, не му е битно од кој пол се неговите партнери иако се декларира како хомосексуалец. Меѓутоа работите се променија откако се соочи со злокобната болест.
Тој е човек што функционира според сопствените морални кодекси не осврнувајќи се на околината. Разузданост е неговото средно име, но и покрај сите замерки што можеа да се слушнат во јавноста, сепак мора да му се оддаде признание на храброста да биде слободен и свој.

„Јавниот живот и тајните не одат заедно. Копилињата секогаш на крај победуваат. Мислам дека медиумите се прави демони“ велеше пејачот.

Во морализирањето секогаш се најгласни тие што прават поинаку од тоа што го зборуваат. Со прст покажуваат оние на кои рацете им се во крв до лакти.

„Шоу бизнисот почива на его, суета, самозадоволство, и срање е да се преправаме дека не е така. Нема утеха во вистината, болката е се што ќе најдете во јавниот свет“ беше искрен Џорџ Мајкл.

На почетокот на кариерата девојките лудуваа по него. Го поврзуваа со Брук Шилдс, Ени Ленокс, Пат Фернандез, а како што тврдат медиумите, низ неговиот кревет поминале илјадници жени. После тоа следеа гласини дека е геј. Тоа беше шок за неговите обожавателки, поранешни љубовници и девојки, а експлозија од воодушевување меѓу хомосексуалците. Некои тврдат дека односите со мажи почнале тогаш кога му здосадило да биде со жени, бидејќи можел да биде со која ќе посака. Но се ја прелило чашата кога бил приведен за секс со полицаец во јавен тоалет.

„Сам ја дефинирам својата сексуалност кога се во прашање луѓето кои ги сакам. Периодот на растење го поминав прашувајќи се за мојата сексуалност. Заради тоа би ја посоветувал секоја геј личност во вистинска смисла да биде она што е бидејќи никогаш не е прерано да го признае своето вистинско сексуално определување“ рече поп иконата.

Со години беше во врска со Кени Гос, кого го изневеруваше главно со мажи и со некоја проститутка, се опиваше, се дрогираше, не доаѓаше дома. Врската траеше десет години и тогаш неговиот партнер објави дека со нив е готово. Мајкл остана сам. На еден настап признал дека му е жал за се што му правел на поранешниот дечко. Заради тежок облик на воспалување на белите дробови, како резултат на негрижата кон сопствениот организам, бил хоспитализиран и се борел за живот.

После опоравувањето решил да се сврти малку назад, да го анализира животот и да почне нова страна во него. Почнал врска со Фади Фаваз, новиот дечко, влегол во студио и престанал да кокетира со пороците. Во песната „White light“ ја опеал својата борба. Настапи и на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Лондон.
Дали ќе се смени нешто во неговиот живот и кариера, времето ќе покаже.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска