Актерот одлетал на југот на Франција за да ги надмине несогласувањата со својата долгогодишна љубов Ванеса Паради. Се зборува дека во знак на помирување купил златен привезок на кој пишува „Моето срце засекогаш е твое“.
„Моментално сите се заедно на празници. Сакаат да им покажат на децата дека секогаш ќе бидат силно семејство, без разлика дали се заедно или не. Џони сака да биде со семејството, децата му значат многу. Тоа что им треба на двајцата е да се тргнат од Холивуд, и тоа го прават сега“, изјави близок човек на двојката.
Иако никогаш официјално не биле во брак, потврдено е дека Ванеса ќе добие 150 милиони долари од разводот и раскошен имот во Франција. Но како тргнале работите, постои голема шанса Ванеса да му прости за неверството со Амбер Хард, кое многу ја погоди и заради што ја прекинаа долгогодишната врска.