Глумецот Џон Траволта се обидел орално да го задоволи Џеф Конвеј, додека спиел. Кога мамурниот Конвеј сфатил што му е намерата на Траволта, започнал голема кавга со него. Наскоро засекогаш го раскинал пријателството со него.
Инцидентот се случил уште далечната 1990-та година, но за тоа дури сега проговори поранешната вереница на Конвеј, Вики Лизи.
Според изјавата на Вики за National Enquirer, Џеф оваа долго чувана тајна ја напишал во своето проштално писмо кое го оставил пред неколку години кога имал неуспешен обид за самоубиство. Сепак тјната на Конвеј излезе на виделина по неговата смрт, тој минатата година ја изгуби битката со ракот.
Вики Лизи се похрабрила да зборува за тоа откако последните неколку месеци, Џон Траволта е во центар на голем секс скандал. Неколкумина мажи, главно масери, тврдеа дека тој се обидел да има сексуални односи со нив. Еден од нив тврдеше дека се сложил и дека имале “сексуално рандеву„во хотел во средина на деведесетите.
Поранешната вереницата на Конвеј, тврди дека сопругата на Траволта Кели престон знаела дека тој е хомосексуалец и дека се сложила да влезе во брак со него иако свесна дека таа ќе му биде само параван.
Овие шпекулации ги подгреа и близок пријател на семејството Траволта – Престон, кој сведочел дека брачниот пар имал потпишано предбрачен договор во кој договориле сите овие информации да ги држат во тајност.