Џон Клиз, ѕвезда од „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“, по лансирањето на стенд ап комедијата „Alimony тour“ и преселувањето во странство, принуден е да го продава својот имот и спомените за да се извлече од финансиските тешкотии предизвикани од големите трошоци на разводот со поранешната сопруга, Алис Феј Ајхенберг.
Популарниот актер кој минатата година се ожени по четврти пат, одлучил да ги распродаде филмските реквизити и потпишаните фотографии кој ги собирал во текот на кариерата, вклучувајќи го и шлемот од фиберглас користен во филмот „Монти Пајтон и Светиот грал“ кој е понуден по цена од 999 фунти (околу 1.200 евра).
Се продава и фотографијата од 1970 година на која ѕвездите од „Монти Пајотн“ смешно одат (35 евра), како и потпишаната фотографија на легендарниот скеч од серијата „Фаличен пансион“ каде Клиз во улога на Базил Фолтиј, удира со гранка по неговиот црвен „остин 1300“.
Ова се две од вкупно седум фотографии на Џон Клиз во сцените од „Монти Пајтон“ и „Фаличниот пансион“ кои се понудени на продажба на вебсајтот на компанијата „Ориџинал меморабилиј“, преку кој Клиз порано го продал и неговиот омилен „Бентли 8“ од 1987 година, по цена од 20.400 евра.
Клиз (73), кој минатата година се ожени со Џенифер Вејд помлада од него 31 година, се разведе во 2008 година од американската психотерапевтка, Алис Феј Ајхелбергер по 16 години брак.
По решението на судот, наложено му е да и плати 12,5 милиони фунти (околу 15 милиони евра) во пари и недвижности. Поранешната сопруга, меѓу другото, мора да го отстапи станот во Њујорк и куќата во Холанд парк, во западниот дел на Лондон, вредна два милиони фунти (2,3 милиони евра), а се до 2016 година ќе мора да и плаќа алиментација од 612 фунти (739 евра) годишно.
Соочен со толку барања морал да ја продаде неговата куќа на плажа во Калифорнија вредна седум милиони фунти и да се пресели од САД во Монако за да го одбегне високиот данок.