Џерард Батлер и манекенката Мадалина Генеа фатени во прегратка

Од:

Иако уште не е официјално потврдено, шушкањата за наводната врска на шкотскиот актер Џерард Батлер и романската актерка и манекенка Мадалина Генеа, кои почнаа уште во мај, добија фотографска потврда изминатиот викенд.

„Њујорк дејли њуз“ тврдел уште во мај дека границите на пријателство се надмианти и дека се многу вљубени, што Мадалина го отфрлаше тврдејќи дека Џерард ѝ е само добар пријател.

Близок пријател на актерот тврдеше исто така дека Џерард не гледа други жени, само неа, што за него секако е голема работа бидејќи секогаш е опкружен со бројни девојки.

Иако уште не ја потврдиле својата врска, сликите објавени во италијанското издание на магазинот „Венити фер“ сведочат во прилог на овие тврдења.

Фотографиите се снимени изминатиот викенд во текот на нивната романтична средба на француската ривиера. Погледите на љубопитните минувачи ни најмалку не им пречеле додека шетале по улица држејќи се раце, гушкајќи се, бакнувајќи ќе и хранејќи се еден со друг.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска