Џенифер Лопез пееше на роденденот на претседателот на Туркменистан

Од:

Американската поп пејачка Џенифер Лопез пееше синоќа на концерт по повод 56-от роденден на претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов во туристичкиот град Аваза на Касписко Море.

Џеј Ло е првата западна ѕвезда која настапувала во оваа поранешна советска република во Централна Азија, позната по огромните наоѓалишта на природен гас и кршењето на човековите права.

На крајот од концертот, облечена во традиционална туркменистанска носија, Лопез ја испеа „Среќен роденден г-н претседателе“ заедно со останатите учесници од Русија, Украина, Турција и Кина.

Прославата на роденденот на Бердимухамедов заврши со грандиозен 20-минутен огномет. Учеството на американската пејачка беше организирано од кинеската нафтена компанија „Си Ен Пи Си“, која во 2009 година изгради гасовод за испорака на природен гас од Туркменистан за Кина.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска