Светската поп дива Џенифер Лопез, која на 20. ноември ќе настапи во Белградската Арена, на својата турнеја „Dance Again“ го носи и латино заводникот Енрике Иглесијас.
Тој заедно со Џенифер ќе отпее неколку песни, а одлуката за неговиот настап во Србија е донесена пред неколку дена, со оглед дека не се појавува на сите нејзини настапи.
Картите за овој концерт можат да се најдат по цена од 2.990 па се до 22.000 динари.