Пејачката Џенифер Хадсон, која долги години се бореше со прекумерната тежина, пред една година драстично ослабна и уште еднаш ја претстави својата нова линија минатиот викенд на Модната недела во Њујорк.
Џенифер прошета на пистата во прекрасен зелен комбинезон, претставувајќи се како новата судијка во шоуто Ранвеи проектот.
Таа настапи во рамки на модната ревија, која ја изработија учесниците во суперпопуларното реално шоу.