Џенифер Анистон конечно проговори за планираниот брак

Од:

Љубовниот живот на популарната актерка Џенифер Анистон постојано е предмет на разни шпекулации, а тие не престанаа ни откако таа објави дека се мажи за нејзиниот колега Џастин Теру.

„Сега ќе се венчаат“, „Раскинаа“, „Џастин не е сигурен во одлуката“, само се некои од насловите на трач рубрика, кога е во прашање оваа двојка. Затоа актерката реши да проговори за „Ју-Ес Магазин“ откривајќи дека тие и натаму се „лудо вљубени“, но дека не им се брза да застанат пред олтарот.

– Сакаме венчавката да биде совршена и затоа не сакаме да брзаме. И вака се чувствуваме како да сме веќе во брак, откри Анистон, со што се обиде да ги демантира озборувањата дека постојат „несогласувања во рајот“.

Да потсетиме дека Џастин ја запроси Џенифер на нејзиниот 41-ви роденден минатото лето, по едногодишна врска.

– Се уште не го одредивме датумот. Ништо не сме откажале и се уште не знаеме каде ќе биде венчавката. Моментно сме во фаза на размислување за сето ова, призна актерката, која некои медиуми „ја омажија“ уште во февруари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска