Џенифер Анистон донираше 25 илјади долари за црква

Од:

Џенифер Анистон не го заборави своето грчко потекло, па неодамна донираше 25 илјади долари на православната црква „Св. Ѓорѓе“, во Едистон, место во близина на Филаделфија, каде што има многу роднини.

Таткото на популарната актерка, Јанис Анастасакис, Грк од Крит, по доаѓањето во САД го променил своето има во Џон Ентони Анистон.

Од донацијата локалната црква ќе се реновира, во чест на нејзината баба Стел Анастасакис, со која Анистон живеела година дена пред нејзиниот татко да одлучи да се преселат во Атина.

По една година проведена во Грција, семејството се упатило во САД, поточно во Лос Анџелес каде што Џон Анистон добил улога во една серија.

Американските весници претпоставуваат дека актерката и нејзиниот вереник Џастин Тери можат да се венчаат токму во таа црква.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска