По неколку годишната врска Џастин Тимберлејк и Џесика Бил, ќе застанат пред олтар, иако до пред само неколку месеци таа изјвавуваше дека нема намера да стапи во брак наскоро. Очигледно работите се променија.
Американските медиуми објавија дека церемонијата ќе се одржи во Монтана, во некое луксузно тивко место каде што има и ресторан и терен за голф, далеку од Холивуд.
Папараците сега имаат полни раце работа. Ќе треба да откријат кое е тоа место и да го фатат актерско-пеачкиот пар во „акција“.