Џастин Бибер напишал и продуцирал песна за својата девојка Селена Гомез, а веста ја потврди раперот Вил.Еј.Ем. во интервју за „New Music Live“.
Вил потврдил дека тој и Бибер биле на истиот лет по доделувањето на наградите „Тинејџерски избор“ (Teen Choice), пренесува Ace Showbiz.
„Ме потапка по рамото и ми рече… „Јо, сакам да ти покажам песна која ја напишав и продуцирав. Многу сум возбуден затоа што е една од првите работи што самиот ги продуцирав“, изјави Вил, опишувајќи ја средбата со романтичниот Бибер.
Тој призна дека ја слушале песната на Џастин на неговиот лаптоп, а делото го опишал како „стварно, стварно јако, закон“, на што Бибер му одговорил дека ја напишал за Селена.
„Мислам дека овој лик ќе биде на сцената уште долго“, изјави Вил за младата поп ѕвезда. Имено, бидејќи и самиот е продуцент раперот Вил во него гледа огромен потенцијал.
Младиот пејач одамна не ја крие својата врска со убавата Селена, а во неделата во холивудскиот ресторан „Ил Циело“ заедно го прославија нејзиниот 20-ти роденден.