Дилан Меккеј и Кели Тејлор повторно се појавија заедно, а тоа беше доволно сите да забележат дека се совршена двојка.
Поранешните колеги-актери од познатата серија Беверли Хилс 90210, Лук Пери и Џени Гарт се дружеа на забава во Лос Анџелес.
Очевидците тврдат дека помеѓу поранешниот актерски пар, дефинитивно постои искра која би можела да ги спои и во реалниот живот.
За време на снимањето на Беверли Хилс, Лук беше оженет со Мини Шарп. Тој се разведе во 2003-тата, а Џени исто така е повторно сингл.
Дали конечно Кели и Дилан ќе ги израдуваат фановите на серијата и најпосле ќе бидат заедно?