Девојката која своевремено беше инспирација за познатата нумера „Девојката од Ипанема“ денес има 68 години и сеуште изгледа атрактивно иако поминале цели 50 години кога е создадена оваа песна.
Песната е заштитен знак за Бразил и втора најобработувана песна на сите времиња. Инспирацијата за неа била Eloizа Pinto, жената со совршена кожа и долга коса која ги одушевила авторите на песната додека седеле на плажата во Рио Де Жанеиро.
Меѓутоа во времето кога е направена песната, Eloiza не ни насетувала дека токму таа е девојката која на Zoa Zilbert и на Tom Zobin им послужила како инсипрација за „Девојката од Ипанема“.
Таа тоа го открила дури во 1965 година кога авторот на стиховите Vinisius de Moraes во едно интервју го открил нејзиниот идентитет.
Иако имала прилика токму тогаш да стане славна, бидејќи почнале да пристигнуваат понуди за улоги во ТВ серии и филмови, Eloiza, воспитана во традиционален дух одлучила дека песната не смее да и го поремети нејзиониот среден и мирен живот.
Таа се омажила по завршувањето на средното училиште и станала домаќинка. Меѓутоа сега одлучи да ја искористи славата и поради тоа почнала да работи во на шоу програма, а подготвува и книга во кој ќе ја опише нејзинината животна приказна.