Легендарната Витни Хјустон засекогаш ќе остане една од најголемите пејачки на сите времиња, а почина пред 7 години, 6 месеци пред нејзиниот 49 роденден.
Иако многу се знаеше за нејзиниот живот, таа за една тајна никогаш не зборуваше.
Се работи за мрачна семејна тајна, со која Витни се борела целиот живот, а за тоа зборувала само со својата долгогодишна пријателка и асистентка Мери Џонс. Единствено таа ја знаела вистината дека Витни била злоставувана како дете, и тоа од ченски член на нејзиното семејство.
Мери зборуваше за оваа темна тајна во документарецот „Витни“, режирана од Кевин Мекдоналд, каде што откри како дознала за шокантната вистина.
„Витни ме погледна и ми рече: „Мери, ме злоставуваа уште на помлада возраст. Но, тоа не го направи маж, таа беше жена“. Имаше солзи во очите и рече дека нејзината мајка не знаела што се случува и дека никогаш не и кажала ништо за тоа. Таа не сакаше да каже, бидејќи веруваше дека нејзината мајка ќе му наштети на лицето што ја злоставувало. Солзи и течеа по лицето и во тој момент јас само ја гушнав. И реков дека мора да и каже на мајка си кога ќе се смири, затоа што тоа ќе тргне однесе огромно оптоварување “, рече Мери во документарецот.
Витни никогаш не ја именувалa жената што ја злоупотребувала, но нејзиниот постар полубрат Гери Гарланд тврди дека исто така бил злоупотребуван од неговaта роднина Ди Ди Варвик, која почина во 2008 година, а во моментот кога наводно се случувале злоупетребувањата, таа била во доцните 20-ти.
Гери ја откри својата страна на приказната во истиот филм како и асистентката на Витни.
Некои членови од семејството на Ди Ди Варвик ги негираат ваквите тврдења, додека други се во шок.