Во разговор за британското списание „Татлер“, глумицата Дејзи Ридли се потсети на некои од коментарите што ги добила годинава во врска со своето однесување, а што нејзините колеги на сцената би го нарекле и „застрашувачко“ и „агресивно“.
Ридли е, досега можеби, најпозната како како Реј од неодамнешната, трета трилогија „Војна на Sвездите“. Таа се најде на насловната страница на февруарскиот број на списанието, па сподели што е ново кај неа.
– Ми кажаа дека сум „страшна“!, истакна британската ѕвезда.
– Тоа беше на (снимањето на) „Хаос во движење“ (Chaos Walking). Имав собрана коса, и перика… Се сеќавам дека си мислев: „Боже, нели треба да бидам помалечка? Нели треба да бидам потивка?“, додава таа.
„Хаос во движење“ е научнофантастична авантура во режија на Даг Лајман. Прикажувањето е закажано за март 2021 година, а во филмот глумат и Том Холанд, Мадс Микелсен, Демијан Бишир, Синтија Ериво, Ник Џонас и Дејвид Ојелово.