Американската актерка, “очајната домаќинка“, Ева Лонгорија, потврди дека се забавува со 12 години помладиот американски фудбалер, 25 годишниот Марк Санчез.
Но, дали нивната врска ќе прерасне во нешто сериозно или ќе остане само на привремена забава? Очигледно одлука е во рацете на мајката на Санчез. Пред една година фудбалерот изјавил дека неговата совршена девојка мора да и се допадне и на неговата мајка. „Мојата мајка мора да ја сака, мислам ама навистина да и се допаѓа“ – изјавил фудбалерот.
Затоа сега блиските на Ева и Марк, стискаат палци, таа да и се допадне на госпоѓата Санчез.
37 годишната глумица, која до скоро беше во врска со помладиот брат на Пенелопе Круз, Едуардо Круз, ја потврдила својата врска со Марк. Тие изјавиле дека навистина се среќни заедно. Актерката во јануари минатата година се разведе од кошаркарот Тони Паркер, бидејќи тој беше фатен во прељуба. Санчез пак беше во врска со глумиците Хајден Панетир ио Џејми Лин Сингер, како и со манекенката на Викторијас сикрет Кејт Аптон.
Дали неговата мајка не го “бендисала“ изборот на својот син кога се работи за поранешните љубови или нешто друго пресудило – не се знае.
Но во неговата последна романса со актерката Ева, очиглендо мама Санчез ќе го има последниот збор.