Германската убавица Дајен Кругер доби своја ѕвезда на Булеварот на славните личности, но во Берлин.
И Германците имаат улица со имињата на своите најголеми ѕвезди, која се наоѓа во Берлин и по една година реконструкција повторно е отворена.
Честа да ја пресече црвената лента ја имала Кругер, чие име воедно е запишано во златна ѕвезда.
Дајен била во друштво на своето момче и колега Џошуа Џексон.