Цеца за недела дена ќе заработи стан во Белград

Од:

Српската фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, ќе настапи како главен гостин на првиот Open фестивал во Струмица, а македонците се подготвени за концертот да платат 30.000 евра, објавија белградски портали.

Цеца на 12 август, ќе настапи на Собирот на трубачите во Гуча за 35.000 евра, а за фестивалот во Струмица, кој се одржува од 13 до 20 август, ќе земе уште 30.000 евра.

Цеца, како што пишува „Курир“, за недела дена ќе заработи за еден двособен стан во Белград.
„Цеца во Македонија ќе одржи концерт, кој ќе трае 100 минути и ќе биде една од најголемите атракции.

Освен Цеца, ќе настапи и Харис Џиновиќ и други ѕвезди. Освен пеачи и музичкиот дел, фестивалот ќе биде збогатен и со театарски претстави на отворено. Главен покровител е општина Струмица“, вели изворот на „Курир“.

Цеца после Струмица, ќе пее во Охрид, а најавено е на сите настапи, да дојдат и бројни фанови од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска