Модата со силиконските гради најверојатно помина. Се повеќе „ѕвезди“ се одлучуваат да се ослободат од нив, откако претходно беа цврсто загреани дека мораат да имаат големи гради, па макар и пластични.
Во центарот на вниманитео е српската фолкерка Светлана – Цеца Ражњатовиќ која одлучила да ги намали своите релативно големи силиконски гради.
Таа неоадамна беше фотографирана за списанието „Скандал”, облечена во бела маичка со длабоко деколте, но речиси двојно помало од порано.
Неуморливите трачери зборуваа дека Цеца има проблеми со чир на желудникот, поради стресовите кои ги дожиева, но и дека оди на терапија за вените бидејќи и попуштиле од носењето високи потпетици. Никој не спомна пластична операција за вадење силикони.
Бразилски лекар, еден од најпознатите пластични хирурзи во светот и ја извршил интервенцијата на градите, откри еднаш Светлана, и додаде „ Јас не гледам што е тука чудно, сакав да имам убави гради“ .
Цената за отстранување на силиконите воопшто не е за потценување. Понекогаш таа е повисока отколку додавањето.
И ако еднаш една по друга се редеа да ги зголемат, сега исто така чекаат ред да ги намалат.
Освен Цеца, на ваков чекор се одлучиле и Бојана Стојковиќ, Нина Мориќ, Оља Црногорац и политичарката Јелена Триван.