Светлана Ражњатовиќ – Цеца во емисијата „Ја то тако“ откри работи од приватниот живот, за својот починат сопруг и децата.
Ексклузивно во емисијата, фолк дивата изјавила дека гледа во иднината и дека не сака да се свртува кон минатото.
Зборувајќи за починатиот сопруг Аркан, таа истакнала дека тој ја направил принцеза, и дека тоа е причината поради која сега бара комплетен маж кој исто така ќе ја третира, што секако и го отежнува зближувањето со некој.
Зборувајќи за децата Цеца рекла дека нејзината ќерка Анастазија сака да пее, додека Вељко се обидува и дека ако ја гледа емисијата, сигурно ќе ја убие…се пошегувала Цеца.