Порано важеше правилото дека мајката секогаш знае што е најдобро за нејзиниот син. Но, денес е обратно. Денес синот самиот наоѓа што е најдобро за него, па синот на Брена, Стефан Живоиновиќ за своја девојка си ја избрал Ани Вангелова.
Иако се уште не се знаат повеќе податоци за девојчето, сепак се знае дека таа игра тенис и се почесто доаѓа во Србија од Бугарија во посета на своето момче.
Јавноста ја дозна оваа информација кога Лепа Брена неодамна на својата идна снаа и организираше голема роденденска прослава на брод.
Ани и Стефан се запознале благодарение на белиот спорт, бидејќи Стефан тргна по стапките на својот татко и тренира тенис веќе со години. Но, тој го наследил и талентот на својата мајка. Неодмна, на една венчавка, ги изненадил гоститете и самиот го зел микрофонот и во чест на младенците отпеал неколку песни докажувајќи дека мама Брена добро го научила да пее.