Пејачката и поранешна поп-принцеза Бритни Спирс повторно објави бизарно видео на социјалните мрежи на кое се прикажува нејзиниот начин на вежбање јога и остава малку на имагинацијата облечена во минијатурно бикини.
Во своето последно објавено видео на Инстаграм, таа парадира во дворот покрај нејзината луксузна вила, облечена во бикини, со размачкана шминка околу очите.
Тоа беше прва објава во новата година на нејзиниот Инстаграм профил каде ја следат 23,3 милиони фанови. Додека некои од нив ја прашуваа дали може да и ’се придружат, на другите не им беше јасно што прави.
„Не знам што правите, но знам како изгледаат часовите по јога“, искоментира некој обожавател под видеото.
Бритни изминативе три години е во врска со фитнес тренерот Сем Асгари, а двојката честопати споделува заеднички моменти на вежбање.