Бритни Спирс ги загрижи фановите: Изгледаш како да те држат како заложник некаде

Од:

Пејачката Бритни Спирс не престанува да ги загрижува фановите на социјалните медиуми. Таа објави фотографии на кои позира во костим за капење, а во најмала рака, изгледа исцрпено.

„Едвај чекам да дојде пролет“, напиша пејачката во описот на објавата на Инстаграм.

Покрај умореното лице, фановите ја забележаа нејзината неуредна шминка и фризура. Таа, најверојатно, сакала да се пофали со нејзината витка фигура, но луѓето што ја следат забележале нешто друго. Иако објавата имаше преку 300 илјади лајкови за краток рок, критиките од фановите не изостанаа.

Бритни, дали си добро? Ме загрижуваш деновиве, гласеше еден коментар.

„Изгледаш како да те држат како заложник некаде“, искоментира друг фан.

– Што правиш? Собери се, напиша друга девојка.

– Поубава си и поприродна без таа темна шминка, се само некои од коментарите.

Ова не е првпат пејачката да изненади со изгледот. Неодамна, фотографите ја „фатија“ додека заминуваше од клиника во Лос Анџелес со телохранители.

„Поп-принцезата“ и тогаш изгледаше запуштено. Покрај нејзината неуредна коса и размачкана шминка, Бритни носеше фармерки, бела маица, отворени сандали и бели спортски чорапи, и имаше многу повеќе килограми од сега.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска