Канскиот филмски фестивал ја заокружува првата недела од годинешното издание. Седмиот ден помина во знакот на Бред Пит и премиерата на неговиот филм „Убивајќи ги нежно“.
Но на коференцијата за новинари она што се чини малку повеќе ги интересираше новинарите во преполната сала е неговата веридба со долгогодишната љубовна сопатничка Анџелина Џоли, отколку неговите филмски остварувања.
Но, еден од најубавите мажи во Холивуд одговараше кратко и многу непрецизно избегнувајќи секакви детали околи тоа дали е закажан датумот на нивната свадба. Бред на најпрестижниот европски филмски фестивал пристигна без Анџелина.
Тие секогаш летаат одвоено, водејќи притоа грижа еден од нив секогаш да биде со децата. Во неговиот најнов филм Бред игра свиреп убиец. Но, филмот праќа и сериозна политичка порака, бидејќи дејствието се одвива за време на претседателските избори 2008-та во Америка кога победи актуелниот американски претседател Барак Обама.
Бред Пит е еден од кандидатите за кој се предвидува дека од Кан дома ќе си замине со златната палма.
Но, го понел ли тој трофејот кај својата „Анѓа“ или не, тој на Азурниот брег уште еднаш демонстрираше дека е миленик на публиката.
Поминувајќи на црвениот килим Бред предизвика масовна хистерија кај насобраните, поголемиот број припаднички на понежниот пол.
Да го допрат, да го фотографираат, да добиат автограм илјадници насобрани секој со својата желба. Овој пат дури и предвидениот дел за обожаватели околу црвениот килим беше претесен да ги собере сите. Што од таа причина, што поради зголемената безбедност во крајбрежното фестивалско гратче денеска владееше тотален сообраќаен хаос.
[nggallery id=20]