Сите светски медиуми за неколку минути ја проширија веста за наводната смрт на познатиот глумец Бред Пит.
Се уште не е познато кој прв ја пушти оваа лага, но фактот дека се работи за еден од напознатите личности во светот, многу брзо ги преполни социјалните мрежи.
Според лажните информации Бред Пит бил на одмор со семејството во Швајцарија и додека се спуштал скијаќи по планините удрил во дрво.
Тој не е единствениот кој досега „умре“. Досега такви вести на „болните“ умови се појавија и за Кристијан Бејл, Чарли Шин, Дејвид Гета, Адам Сендлер и многу други.