Во францускиот дом на Анџелина Џоли и Бред Пит се подготвува голема веселба. Подготовките ги интензивираа гласините дека познатата двојка ќе се венча викендов. На забавата во Франција пристигнуваат родителите на Бред, а доаѓа и изработувачот на накит Роберт Прокоп, кој го изработи вереничкиот прстен за Џоли.
Бред замина таму за да ги надгледува подготовките, но се е супер. Иако Бред и Анџелина тврдат дека забавата е за неговите родители, сите мислат дека лажат. Дури и Анџелина и Прокоп се таму, изјави изворот.
Како гостин на забавата најавен е и Џорџ Клуни, најдобриот пријател на Бред Пит, кој во моментот се одмора во Италија, пишува „Сан“.
Нивниот луксузен посед во Франција се подготвува на нешто спектакуларно, а многу е веројатно дека најпознатата светска двојка ќе се венча овој викенд. На Анџелина ова ќе и биде трет брак, а Пит втор.