Според пишувањата на таблоидот „Сан“, холивудскиот актер Бред Пит го планира секој можен детал на венчавката со Анџелина Џоли.
Според некои најави, тие ќе се венчаат на 11 август, на истиот датум кога родителите на Бред Пит, Бил и Џејн, слават 50-годишнина од бракот.
Актерот дури и пратил некои работници во својот дом на југот на Франција, за да реновирањето биде завршено на време за прославата на венчавката, која е презакажана за крајот на септември.
Пит ги направил сите планови за прием на гостите, кои, според некои најави, ќе бидат само 20, како и листата на музика која ќе свири во текот на церемонијата.
– Анџелина не се заморува премногу со тоа. Бред е тој кој го носи речиси целиот притисок. Тој сака куќата да биде готова до забавата, иако на поголем дел од гостите тоа не им е грижа. Тој сака се да биде апсолутно совршено, рече неименуван извор.
Децата на актерската двојка ќе имаат многу битни улоги во текот на церемонијата на венчавката.