Фронтменот на групата „Рибја Чорба“, Бора Ѓорѓевиќ и неговата сопруга Александра остро ги негираа наведувањата дека се имаат разведено.
Тие велат дека немаат проблеми во бракот и дека лажните информации ги пласираат душманите.
„Не се разведувам и не знам од каде му на некој таква идеја“, вели популарниот Бора, додека неговата речиси три децении помлада сопруга негираше дека тој наводно, не можел да ги задоволи нејзините финансиски барања и дека поради неа влегол во долгови.
„Ние двајцата имаме стан во Белград и куќа во Рудник. Живееме на двете локации, а јас во ниту еден момент откако сум во брак, не сум живеела во Горни Милановец, каде што сум родена“, вели Александра, наспроти пишувањата дека по разводот таа откако му ги собрала парите на Бора, го оставила и заминала да живее во нејзиното родно место.
Парот сега, наводно планирал заеднички одмор по завршувањето на обврските на Бора.