Боно станува „Командант на редот на уметноста“

Од:

На фронтменот на групата Ју-2, Боно Вокс, Франција ќе му ја додели својата највисока награда во областа на културата и уметноста, соопшти денеска француското Министерство за култура.

Во соопштението се посочува дека Боно ќе биде прогласен за „Командант на редот на уметноста и литературата“ на церемонија што ќе се одржи утре вечер во Париз.

Ирскиот пејач е познат заговорник за доделување на поголема помош за Африка и основач на групата за борба против сиромаштијата на африканскиот континент – ОНЕ.

Тој е добтиник на повеќе награди за својата музичка и хуманитрана работа, меѓу кои и француската Легија на честа и британсакта почесна витешка титула.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска