Бочели се излекува од коронавирус

Од:

Италијанскиот оперски пејач, тенорот Андреја Бочели, објави дека целосно се опоравил од вирусот Ковид-19.

Бочели на својот Фејсбук профил објави дека членовите на неговото семејство и тој имале лесна и асимптоматска форма на болеста, но дека не сакал да го објави тоа во јавност, за да ја заштити приватноста на семејството и непотребно да не ги алармира своите фанови, јави Си-Ен-Ен.

Светски познатиот тенор најави дека ќе донира крв за да помогне во клиничкото истражување за оваа болест.

На 12 април, на денот на католичкиот Велигден, за време на карантинот, Бочели одржа бесплатен концерт во целосно празната катедрала „Дуомо“ во Милано, кој се пренесуваше преку Интернет.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

(ВИДЕО) Официјално блокиран буџетот на Град Скопје: Скопјани оставени на милост и немилост

Анита Петровска Рајковиќ

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска