Боби Браун, поранешниот сопруг на Витни Хјустон се ожени

Од:

Четири месеци, по смртта на својата поранешна сопруга Витни Хјустон, Боби Браун размени брачни завети со својата менаџерка Алисија Етериџ, со која има и три годишен син, на романтична церемонија на Хаваи.

Браун и Етериџ, се верија 2010-тата година, три години откако тој се разведе од Витни. Од нивната љубовна врска го имаат синот Касијус.

Витни и Боби Браун, беа во брак 15 години, во тек на кои според многумина, пеачката Браун ја навлекол на кокаин, марихуана и крек. Браун пак, по смртта на својата поранешна сопруга, ја користеше секоја можност по медиумите да потенцира дека овие информации не се вистинити.

Витни Хјустон, во февруари беше пронајдена мртва во када во хотелска соба, а како причина беше наведено дека пеачката ненадејно се удавила откако заспала. Во собата беа пронајдени дрога и лекови.

Браун има пет деца. Едно од бракот со Витни, три од претходните врски и едно со новата сопруга.

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска