Мик Џегер у Дејвид Боуви беа љубовници, тврди биографот Крисотефер Андерсен во својата нова книга “Mick: the Wild Life and Mad Genius of Jagger”.
Во биографијата за фронтменот на “Roling Stonеs” тој ги потврди шпекулациите дека двајцата биле во долга љубовна врска во текот на 70 -те години.
Андерсон се повикува на Енџи Боуви која тогаш била во брак со Дејвид боуви и која наводно ги начекала заедно во кревет двајцата музичари. Таа реагирала така што ги послужила со кафе и сок од портокал, пишува биографот.
Авторот ги пренесува и сеќавањата на пратечкиот вокал Ава Чери која тогаш живеела со Дејвид Боуви и која наводна му кажала на некој пријател дека „Мик и Дејвид се меѓусебно се сексулано опседнати еден со друг“.