Поранешниот претседател е на раб повторно да западне во брачни неволји, откако престижниот „The Sun“ објави фотографија на која Бил Клинтон силно прегрнува две порно актерки.
„Немирниот“ Бил Клинтон на сликата своите раце ги има оптегнато преку бујните облини на Таша Рејд и Бруклин Ли. Двете актерки, само што го завршија снимањето на филмот за возрасни „Нова најдобра старлета“.
Поранешниот претседател веќе беше вмешан во низа секс скандали, меѓу кои и оној со Моника Левински во Белата куќа и со јавни извинувања се обиде да се „искупи“ кај својата сопруга сегашната сенаторка Хилари Клинтон.
Таа тогаш остана до крај со својот сопруг обидувајќи се да ги пребродат секс скандалите, но The sun пренесуваат дека последната фотографија ја прелеала чашата на недолично однесување на Бил. 65-годишшниот Клинтон, со познатите старлети бил сликан вчеравечер на забава во Монте Карло.
22-годишната Бруклин, која доцна во ноќта ја споделила сликата на својот Твитер профил, минатата недела ја освои наградата за најдобра секс сцена на светскиот фестивал кој промовира филмови наменети за возрасната публика.
[nggallery id=25]